Нечовечност: Албанските навивачи им честитаа на Турците за убиството на Марко

Навивачот на Црвена Звезда, Марко Ивковиќ (25) беше убиен во петокот во Истанбул пред кошаркарскиот меч на тимот од Белград против Галатасарај.

Навивачката група Фикшат Качаник истакна срамен транспарент со кој го подржуваат убиството на навивачот на Црвена Звезда Марко Ивковиќ.

Ивковиќ (25) е убиен во петокот во Истанбул пред кошаркарскиот меч помеѓу Галатасарај и Црвена Звезда пред салата „Анди Ипекчи“.

Бројни навивачи групи ширум светот го осудија овој злочин, но турските, па и албанските навивачи се натпреваруваат кој ќе истакне по морбиден транспарент.

На социјалните мрежи се појави фотографија на навивачи од Качаник кои со транспарент го подржаа убиството на младиот навивач.

Младиот навивач на тимот од Белград беше погребан во понеделникот.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега