Каде е моето дете? Зошто да умре толку млад?

Во несреќата која ја потресе Србија починаа Немања Антиќ (18), Анастасија Стајиќ (16) и Милош Јанковиќ (20) а полесно повредени се Лука Вишниќ (18) и Милица Јокиќ (18). Пијаниот возач Душан Јовановиќ (19) помина без повреди.

Тагата е огромна кај семејствата на трагично загинатите млади лица. Во домот на Антиќ постојано се слуша плачот на најблиските. 

-Скршена е. Не знае за себе. Не може да прифати дека го изгубила својот син. Сето ова е ужасно, раскажала за Блиц.рс сосетката на семејството Антиќ, при тоа додавајќи дека семејството поминува низ најтешките моменти во животот. 

Другарчињата пак на трагично загинатите Анастасија, Немања и Милош вчера во групи ги посетиле семејствата се со цел да им изразат сочуство. Никој од нив немал доволно сила за да зборува со екипата на Блиц.рс.

 -Беше најдобар другар, кажал во солзи еден од другарчињата на Немања.

Низ вратата се слушал плачот на мајката 

Пред елитната зграда во центарот на Белград, каде живеел возачот Душан, т.е виновникот за големата трагедија владеела сосема поинаква атмосфера.  Екипата на Блиц.рс била пречекана од момче кое им кажало дека не можат да влезат внатре бидејќи родителите не сакаат да зборуваат со нив. 

Соседите пак велеле дека Душан бил прекрасен дечко, одлично воспитан. 

-Го знам од дете, живееше овде со родителите и братот. Сите сме во шок, раскажале соседите, додека пак момчето кое дежурало пред зградата изјавило дека нема да има изјави за медиумите се додека семејството не се договори со адвокатот.

Каде е моето дете?

Пред станот на трагично загинатата Анастасија Стајиќ владеел молк. Мајката на Анастасија кога видела дека нејзината ќерка не се вратила дома почнала да се јавува кај семејствата на нејзините најдобри другарчиња. 

-Каде е моето дете?, таа ги прашувала.

Не го знаев патот, одеднаш се најдовме во Дунав

Лука Вишњиќ (20), син на новинарката Оља Бечковиќ успеал да излезе од автомобилот, така што со рака го скршил стаклото. Ја скршил и раката. Јовановиќ исто успеал да се спаси, како и Милица Јокиќ (18), која се наоѓала на совозачкото седиште. За жал, Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18), и Милош Јанковиќ (20), која се наоѓал во багажникот, се удавиле во реката.

-Многу жалам за тоа што се случи, и незнам како ќе живеам понатаму - изјави низ солзи Душан Јовановиќ (19) на расправата пред Вишото јавно обвинителство во Белград. Тоа е момчето кое го возеше БМВ-то со 5 други неговите пријатели, кое заврши во Дунав и се удавија три млади луѓе.

Надлежниот суд нареди притвор од 30 дена, поради потенцијалното влијание врз сведоците, можноста да се повтори кривичното дело, како и нарушување на јавниот ред и мир.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 14:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега