Ескалираа протестите во Центар - две лица се повредени
Граѓани кои се против носење одлука за измена на ДУП во општина Центар кој ја опфаќа и црквата „Св. Константин и Елена“ денеска повторно протестираат пред седиштетот на локалната самоуправа.
Протестот што го организира граѓанската иницијатива „Веритас“, почна кај локацијата каде што се гради црквата, продолжи низ улиците на Центар до седиштето на Општината каде што за попалденво беше закажана седница на Советот.
Околу општината има засилено полициско присуство.
Граѓаните сеуште се пред општината и го изразуваат гневот. Дел од демонстрантите фрлаа со јајца и со шишиња,а скршија и два прозора.
Повредена е и една од советничките од редовите на СДСМ која била однесена во Клинички.
ФОТО: Плусинфо