Ќе „блеснат" малиот и главниот плоштад во Охрид - конкурс за идејно архитектонско решение

Општина Охрид, распиша конкурс за избор на идејно архитектонско решение за партерно и хротикултурно уредување на малиот плоштад и главниот плоштад, кој трае до 22.12.2014. Заинтересираните своите пријави можат да ги достават по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид, најдоцна до 13 часот до наведениот датум во Конкурсот.

Во конкурсот за избор на идејно архитектонско решение опфатени се Малиот плоштад „Крушевска Република“ кој го означува почетокот на Охридската чаршија и Главниот плоштад кој е спој на Охридската чаршија и Охридскиот кеј.

Уредувањето на двата плоштади ќе придонесе за создавање на плоштади со амбиентален стил кој ќе овозможат поефикасна организација на манифестации и ќе овозможат уживање во прошетките на граѓаните и туристите. Потребата од уредувањее показател за степенот на развој на урбаната култура на населениот, но исто така и потреба од надополнување на содржините кои ќе создадат убави, модерни катчиња и понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега