Кога и го видел лицето и побарал развод

 

Млада брачна двојка од Медина во Саудиска Арабија, имале непријатна средба по нивната венчавка.

Имено, Саудиецот дури тогаш добил можност, првпат да ја види својата сопруга и кога ја видел, вднаш побарал развод.

Оваа двојка, требала да ја направи својата прва фотографија и дури тогаш невестата ја симнала својата бурка. Кога ја видел, младоженецот скокнал веднаш и рекол: „Ти не си девојка што јас посакував. Жал ми е, но јас ќе се разведам“.

Невестата потоа како што пишува „Мирор“, добила хистеричен напад, а девериците сакале да ја смират и да го решат проблемот.

Во некои делови на Саудиска Арабија, меѓу кои е и Медина, обичај е младоженците да не ги запознаваат своите сопруги се додека не се земат.

Како што е обичај во модерниот свет, овој случај веднаш се најде на социјалните мрежи, па еден пријател на оваа двојка напиша: „Поради неговото неодговорно однесување, тој кај неа предизвика многу болка и затоа заслужи да пати“.

 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега