И Тарабунов се огласи за скандалот на Скопскиот фестивал

Во денешната емисија  на „Мак Сцена“ на Радио Слободна Македонија гостин беше пејачот Александар Тарабунов кој отворено зборуваше за последниот скандал околу „Скопски фестивал“.

Со право се случи акцијата за лажираните гласови на „Скопски“. Не сме ние „мајмуни“ за некој секоја година да не лаже. Нереалните резултатите се одлика на сите фестивали кај нас. Да не се разбереме погрешно. Не е спорен квалитетот на Даниел. Песната е супер и јас ќе го бодрам Даниел, но оваа акција и оваа вистина беше потребна за да се вратат и оние пејачи на фестивалите кои поради овие причини се откажаа од нив, изјави Тара и додаде:

– Во нашите кулоари секогаш се зборувало за ваквите местенки, но никој никогаш не преземал ништо. Можеби и некој од нас знаел кои се тие луѓе, но ете дури сега е веќе нешто преземено.

Извот: Радио Слободна МАкедонија

18.11.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега