Важно за сите невработени - низ Македонија слободни 4000 работни места

ВВо моментов за сите невработени лица важно е да бидат информирани дека постојат 4359 слободни работни места кои во секој момент им стојат на располагање. 

Агенцијата за вработување достави податоци во кои може да се забележи дека од понудените места најголем дел се 2360 во Скопје, 255 во Битола, 239 во Штип, 155 во Охрид, 129 во Неготино, 127 во Кочани, 116 во Куманово, 115 во Виница, 113 во Струмица, 101 во Тетово. Под 100 работни места има и во Прилеп, Делчево, Радовиш, Струга... Ниту едно слободно работно место според податоците нема во Македонски Брод. 

Како невработени, во Агенцијата за вработување на Република Македонија заклучно со октомври 2014, се евидентирани 120.741 лица, од кои активни баратели на работа се 102.014 лица. 

Во Скопје како невработени се регистрирани 22.457 лица, во Тетово 12.386, Куманово 10.341, Битола 7.184...

Меѓу невработените повеќе од половина или 55.240 се жени, а 46.860 се мажи. 

Според образование, најмногу 46.696 се без образование, 36.249 се со средно, 18.346 се непотполно средно образование, 15.992 се со високо, 2480 со вишо, 957 се магистри и 21 доктор на науки.

18.11.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега