Секое трето семејство не се решава на дете - проблем се парите

Финансиите претставуваат најголем проблем при засновање на семејство, а секое трето лице не размислува за дете пред да ги отплати сите долгови, додека една петина прво сакаат да купат стан или куќа.

Две третини од луѓето признават дека финансиите играат улога во засновање на семејството, додека една петина од нив се согласуваат дека парите се одлучувачки фактор, пишува „Дејли Мејл“.

Според истражувањето парите се најголем стрес во животот на луѓето, но дури половина од нив не сакаат за тоа да зборуваат за тоа.

- За жал моментот на засновање семејство стана прашање на пари. Дали имаат доволно голем стан за детето? Можат ли за себе да си дозволат се, ако еден од нив ја изгуби работата? Долговите се непријатна работа, особено ако ве кочат во нормалниот живот, истакна Иан Вилијамс од Д дебт адвајсри центарот (The Debt Advisory).

17.11.2014 - 01:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега