Секој од нас во банка должи над 50.000 денари

Секој граѓанин на Македонија во банките дожи по 830 евра, анализира Дојче Веле. Од почетокот на годината, задолженоста на граѓаните на Македонија според анализата, се зголемила за 180 евра по човек.
Според анализата, најголем дел од задолжувањето се должи на потрошувачките креидити кои ги земаат граѓаните. Кредити се земаат за да се обнови техниката во домот, да си исплатат стари кредити или пак за секојдневна потрошувачка.
Голем дел од оваа сума отпаѓа на дозволениот минус на кредитните картички. Речи си и да нема граѓанин на Македонија кој нема најмалку една плата минус на кредитната картичка.
Сепак, пресметката покажува дека оваа задолженост на Македонците воопшто не е ни блиску до европскиот и светскиот просек. Македонските граѓани се некаде на дното според нивото на задолженост.
Експертите велат дека тука нема простор за загриженост.

 

„Состојбата со задолжувањето на населението или домаќинствата не е лоша се додека нема инфлаторен ефект, а тој засега го нема. Од друга страна тоа ја поттикнува потрошувачката а паралелно и производството. Оваа ситуација е добра се додека не се засити тој сектор. Ако се спореди населението со стопанството, јасно е дека кредитирањето е помалку ризично заради тоа што е високо дизеферционирано. Се даваат голем дел но мали по обем кредити кои банките главно немаат проблеми да ги наплатат. Во годините по кризата банките кои се решија на ваквата стратегија покажаа подобри резултати бидејќи имаа помал ризик. Ако се погледнат резултатите од билансите на банкарскиот сектор ќе се види дека поголем ќар имале оние кои се фокусирале на кредитирање на населението, а помалку на стопанството што исто така треба да биде важен сегмент“, вели за Дојче Веле универзитетскиот професор Љубе Трпески.

16.11.2014 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега