Живеењето во голем град прави да изгледаме за неколку години постари

   

Козметичката куќа „Проктор и Гембл“ утврдила дека загадениот воздух во градовите содржи до 224 разлилни хемикалии, кои ја оштетуваат кожата. 

Луѓето кои живеат во урбаните средини стареат за десет отсто побрзо од оние во руралните средини. Честичките кои ги има во загадениот воздух негативно се одразуваат на кожата односно ги оштетуваат протеините на кожата (кератени) кои пак го спречуваат стареењето на кожата.

Во истражувањето во кое учествувале 200 жени на возраст меѓу 30 и 45 години, споредуван е квалитетот на кожата на жените кои живеат во градовите, со оние кои живеат во селата. 

И двете групи жени (кои живееле сличен живот) биле изложени на УВ зрачење со ист интензитет. 

Загадувањето предизвикува воспаленија, го пореметува природниот одбранмен ситем на кожата и го оштетува колагенот заслужен за одржување на еластичноста на кожата, што го забрзува процесот на стареење.

15.11.2014 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега