Селаните од Стеблево се плашат за нивниот компир да не скапе

Во областа Голо Брдо, жилтелите од селото Стеблево се жалат дека наскоро голема е веројатноста околу 12 илјади килограми компири би можеле да скапат поради немањето пазар за нив. 

- Земјоделците од оваа општина, населена, главно, со Македонци, се жалат дека поради немањето соодветна патна инфараструктура и нејзината оддалеченост од поголемите урбани центри со години се соочуваат со истиот проблем, пласман на компирите, кои се познати по нивиот квалитет зашто се одгледуваат во планински предел, пренесува весникот на Македонците во ова земја „Македониум“.

Земјоделците бараат субвенции од државата, нагласувајќи дека без субвенции и обезбеден пласман, површините засадени со компир можно е да се сведат на минимум.

Во оваа општина живеат околу 1.500 жители, чија главна активност е земјоделството и сточарствоо, а поради удеалните услови за тоа, најмногу одгледуваат компир. 

15.11.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега