Трговски центар никна во Штип

Во штипската населба „Сењак“ денеска е отворен трговски центар на површина од 5.500 метри, инвестиција во износ од 4 милиони евра на косовско-црногорската групација „Елкос“.

- Планираме во Македонија да инвестираме 50 милиони евра, вработуваме околу 60 граѓани од 1.000 што планираме да ги вработиме во блиска иднина. Елокос груп тргува со производи од регионот и од сите држави на светот, рече на свеченоста инвеститорот и сопственик на „Елкос“ Рамиз Ќелманди

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека благодарение на заложбите на Владата за привлекување странски инвеститори токму Штип го доби овој прв голем трговски центар.

- Се она што го прави Владата на Република Македонија, преку создавање на амбиент и клима за привлекување на странски инвестиции денеска го гледаме и преку оваа инвестиција на дело во нашиот град. Оваа инвестиција од околу 4 милиони евра значи и вработување на околу 60 млади луѓе од нашиот град, рече Захариев.

Претставничката на министерството за надворешни работи, Хилда Колевска истакна дека Владата сака да гради отворено стопанство и во таа насока на инвеститорите им нуди и добри услови.

Групацијата Елкос има планови да гради вакви трговски центри и центри за откуп на зеленчук и овошје во Струмица, Гостивар, Тетово и Битола.

14.11.2014 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега