Општина Ѓорче Петров го одбележа Денот на ослободувањето

Со положување цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОАВМ денеска во општина Ѓорче Петров се одбележа Денот на ослободувањето - 14 ноември.

На свеченоста присуствуваа градоначалникот Сокол Митровски, претставници на Советот на општината Ѓорче Петров, делегации од АРМ, здруженијата на борци и пензионери, семејствата на бранителите од 2001 година, преставници од политичките партии, основните училишта и градинката, од јавни институции и граѓани од општината.

Градоначалникот Митровски потенцираше дека никогаш не треба да ги заборавиме оние кои ја напишаа македонската историја и ги положија своите животи за нашата и иднината на нашите поколенија.

Денеска се одбележуваат 70 години од ослободувањето на Ѓорче Петров. 

14.11.2014 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега