Млада партизанка “Прада” носила!

 

Ете и тоа бидна. Заврши уште една рунда во рингот на Метју Нимиц во Њујорк. Со нокаут за македонското новинарство. Ако тоа воопшто и може да се нарече новинарство.

Се ми се чини дека во овој процес под медијаторство на Нимиц, веќе неколку години има четири страни. Три ми се јасни. ООН и Нимиц имаат задача да биде посредници. Грција ја застапува својата страна, исправна или не, таа е јасна. Македонија ја држи својата. И таа ми е јасна. Но, никако не ми влегува в глава страната што ја држи една групација од Македонија. Ако би го дефинирале нивното дејствување со партизански речник, би значело, “сипање песак у савезничка осовина”. Секој со совојата одговорност. Но, државата не е само и сега на овие генерации кои живеат во неа. Таа е и на идните, а тие можеби ќе имаат други стратешки интереси. Тоа се вика национален интерес, да и обезбедиш иднина на државата, а притоа да го зачуваш нејзиното достоинство и вековниот идентиет на народот. Поинаку, секој знае… и може… Да се наведне де…

Го знаат ли во СДСМ значењето и суштината на термините  “тоталитаризам”, “диктатура”, “режим”… или убаво им звучат, па ги користат и во рецепти за храна, или и кога на одат во авто перална? Им ги кажал некој симболите кои ги означуваат овие термини во светот?

Кога ја слушнав “Другарката Куновска” дека по скопските улици ќе шета со црвената петокрака, внатрешно во себе, онака самоуверено, си помислив дека сум ја одгатнаал бомбата на Заев. Готово е си мислам, седам и се гордеам со себе… Имам екслкузива!  Галиба, тоа ќе да е… Нема што друго. На 13 ноември, СДСМ ќе го ослободи Скопје. Предводени од “Другар Заев” и “Другаката Софија” ќе го нападнат “главниот учасоток на тиранијата”… со бомби, ќе ја урнат тримфалната порта, споменикот на Воинот…, па јавнати на неговиот коњ ќе поминат пореку камениот мост. Како Поколомини ќе го запалат “Музејот на режимот”, а восочните фигури ќе ги обесат долж мостот на лавовите на кои претходно ќе им изрежат “црвени петокраки” на челата.  Во борба.. во борба… ќе ечи Скопје од опозиционерите. Напред Куновска ги води облечена во брдничави пандалони и опинци на нозете. Тук-таму, на некого и по некој шинел. Си викам се е испланирано, ама ај да го дочекам 13 ноември. И дојде денот. Додуша се успав, па кога се разбудив мислев дека се сум пропуштил. Дека веќе Скопје гори… Ослободено…Но, гледам и се чудам… Зошто овие од редакцијата не ме барале за ваков настан кога гледаат дека не сум дојден на работа? Се возбудив… И што да видам… Млада партизанка “прада” носила. “Хај нек се чуе…чуе.. хај нек се зна….”

Не знам како и дали воопшто на “Павелшатевска” прават разлика меѓу партизаните и комунистите. Или, меѓу битката против фашизмот и црвената петокрака, но знам како дедо ми правеше. “41-дојдоа Бугарите и ме зедоа како бугарски војник во Пловдив. 44-та дојдоа Партизаните, донесоа друга униформа и трк за Срем ме испратија. 45-та, дојода оние со црвените петокарки…и…и ми ги зедоа козите”. Би било добро, не за други, за себе, во СДСМ да прават разлика меѓу симболите. Со црвената петокрака најлесно се стасува во Куба, не во Брисел.

Во овој “црвено-петокракски театар” на “павелшатевска”, на Лидија Димова најубаво и стои улогата на Едвард Кардељ. Доволно е само со прст да покаже. Таа има  “најправичен”прст . Покажува само во еден правец. Во вистинскиот правец. Од кој враќање нема.

Затоа и ЗНМ молчи. Молчи затоа што налогот за ликвидација на “непослушните новинари” е потпишан. Муросан. А кога е печатиран од Mаршалот, тогаш нема што да се бунтуваш. Бунтот е соучесништво со непослушноста. А соучесништвото те носи на робија. Робијата треба да те превоспита. И зошто толкав пат, кога во ЗНМ си се превоспитани. Си знаат како треба. Затоа и се таму. За да не треба некој да ги потсетува. Туку, ај што тие се на “вистинскиот правец”, во кој правец е МАН? Веројатно одлуката ќе ја донесе на пролетното-пленумско заседание.

Во едно време, едно многу дамнешно време. Не..! Не она време на Љубчо. Ниту пак она време на Бранко. Она.. Она време пред тоа, во Делчево имало некој (јас не го знам, ми раскажувале), некој од оние “цревените буржуи”, кој велел:  “ќе дојде време кога ќе се знае кој ќе вози автомобил, а кој не”. Не можат сите да возат, а тој да нема раат во уживањето. Нели? Во ред, ако дошло тоа време, тогаш да се прилагодиме на него. Наследниците на “црвениот буржуј” си имаат и аргумент. Загаденоста на возудхот била резултат на старите и “неевропски возила”. Дабоме!Новите не загдуваат.

Епа еве решение. Бидејќи куповната моќ на мнозинството во Македонија  е колку “неевропски загадувачки автомобил” или за велоспиед, ќе мора да се прилагоди на тоа. А, бидејќи куповната моќ на малцинството е голема, тогаш ред е и да уживаат во просторот. Ама, бидејќи тој, просторот де,  е заеднички… и наш, редно е да платат за него. Кој сака да вози ќе мора и да плати. Колку понов и поголем автомобил, толку поголема давачка.  За заедничко добро. И сиромаштијата задоволна и колите на број.

Го видовте Љубе? Се вратил во Белград. Ех… што ти е Хаг… Му доаѓа нешто како центар за рехабилитација на мртви политичари. Брат за Брат… Шешељ и Љубе за власт!

Марјан  Николовски – Новинар

14.11.2014 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега