Со често внесување на омега-3 масни кислеини до полесно оставање на никотинот

  

Откажувањето на цигарите е многу тешко и секој страствен пушач го знае тоа.

Честото внесување на омега-3 масните киселини кои ги има во лосос, скуша, сардини, пастрмка,јајца,јаткасти плодови, сончоглед и маслиново масло дополнително ќе ви го олеснат процесот на откажување од никотинот.

- Докажавме дека омега-3 масните киселини се ефикасен сојузник во борбата против пушењето и истиот, за разлика од бројни други препарати, нема несакани појави, вели Шерон Шенкар, докторката која го иницирала ова истражување.

Недостатокот на омега-3 масни киселини е многу чест кај пушачите, што може да ги оштети нервните клетки а со тоа е отежната контрола врз делот од мозокот кој ги регулира желбите и потребите.

14.11.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега