ФОТО: Со ХИВ излекуван рак

Американски лекари успеаја пациент заболен од рак да го излекуваат со помош на ХИВ.

Маршал Јенсен (30) од американската држава Јута, женет и татко на едно дете, заболел од акутна лимфобастична леукемија во 2012 година и изминатите две години трагал за ефикасен лек.

Спас пронашол на клиника во Пенсилванија каде како еден од 30 пациенти бил на експериментална програма со користење ХИВ, вирус кој предизвикува Сида.

Третманот подразбира на пациентот да му се дадат бели крвни зрнца со деактивиран ХИВ кои потоа уништуваат клетки на рак.

Јенсен одлично реагирал на таа терапија и целосно е излекуван. Од 30 пациенти кои учествувале во лекувањето, 23 се се уште живи, а 19 излекувани. Врската меѓу ХИВ и леукемијата е откриена во 2006 година. 

13.11.2014 - 18:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега