Владата бара консултант за национален авиопревозник

Оглас за избор на консултантска компанија што ќе изработи физибилити студија за можност за формирање редовен национален авиопревозник во Република Македонија, објави Македонското Министерство за транспорт и врски. 

Оваа компанија ќе биде обврзана да изготви студија за економска оправданост на проектот и да анимира реномирани странски авиокомпании за пројавување интерес за национален авиопревозник, а истовремено и да ја советува Владата за избор на квалитена понуда.

Заинтересираните консултантски компании  понудите треба да ги достават до 29 декември. 

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, по склучување договор заедно со избраната консултантска компанија и концесионерот на скопскиот аерородм ТАВ треба да анимираат што е можно поголем број компании, кои ќе понудат услови. - Врз база на нивните услови и она на што ние можеме да го понудиме ќе се направи пакет кој потоа ќе биде презентиран пред јавноста и ќе распишеме јавен повик со кој ќе бараме национален авиопревозник, изјави неодамна министерот Јанакиески.

13.11.2014 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега