Ѓорѓиев за РСМ: Саемите за вработување досега овозможија околу 100 нови вработувања

Понудата и побарувачката на работна сила утре ќе се спојат во Охрид, на четвртиот  Саем за вработување. Сите невработени, но и оние кои сакаат да го променат работно место, од 11 до 14 часот во салата Билјанини извори можат да ја остават својата кратка биографија кај компаниите кои ќе бидат присутни  на саемот.

aleksandar-vlada500

Владиниот портпарол  Александар  Ѓеоргиев за емисијата Бројки на Радио Слободна Македонија вели дека околу 70 компании од различни области ќе бидат претставени таму. Ова, според него,  е одлична можност  да се информираат заинтересираните од каков кадар имаат потреба фирмите  и евентуално да си најдат вработување кај нив.

-На едно место ќе дојде до спојување на овие целни групи кои ќе направат директен контакт, ќе си разменат мислења, информации, може да дојде до интервјуа и евентуално вработување. Лицата кои сакаат да го посетат саемот не мора да бидат невработени, туку и оние кои имаат работа, но поседуваат квалификации и искуства за евентиално друго работно место.  Ефектите до сега се позитивни. Прво доаѓа до директен контакт на лицата кои бараат вработување и работодавачите, второ , саемите се доста посетени и трето како резултат на организирањето саеми веќе се склучени договори за вработување.  Според информациите на Агенцијата за вработување веќе се засновани над 100 работни односи , но се очекува бројката да биде биде повисока, изјави владиниот портпарол.

Според досегашното искуство, Ѓорѓиев посочи дека компаниите кои се присутни на саемот имаат потреба од различен кадар.

-Не бараат само со високо образование, туку и со средно и ниско, но кандидатите треба да поседуваат соодвени вештини кои им се потребни на фирмите.  Ќе се бараат и инженери и менаџери, но и угостителски работници, осигурителни агенти и слично.  Со оглед дека интересот и ефектите од ваквите саеми се позитивни, караваниот на ќе продолжи и во останатите градови, додаде тој.

Целосто гостување на портпаролот на Владата на Р.Македонија во емисијата Бројки на Радио Слободна Македонија погледнете го во продолжение.

 

13.11.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега