Ставрески: Ќе има сериозни инвестиции за Коридорот 8

Коридорот 8 претставува еден  од стратешките приоритети во транспортната инфаструктура за следниот среднорочен период   и  во таа насока планираме да вложиме сериозен износ средства, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања. 

Според Ставрески, со вчерашната објава од Европската банка за обнова и развој дека се одобрени 145 милиони евра за втората фаза од пругата кон Бугарија, од Белјаковце до Крива Паланка, се обезбедени средства и реализацијата на пругата ќе продолжи непречено.

-  Тоа  ќе претставува главната алтернативна опција за транспортот во однос на постоечкиот Коридор 10. Очекувам во следниот период исто така да се интензивира и градбата на патот од Кичево до Охрид и Струга и источниот автопат од Скопје до  Штип, така што во целина и Коридорот 8 и  краците на Коридорот 8 ќе бидат во фокусот на Владата за следните три-четири години и ќе има сериозни инвестици во тој дел, рече Ставрески, по потпишувањето на договорот за проектот за модернизација на патарините долж Коридорот 10

13.11.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега