Миле Јанакиески: Милијарда и 300 милиони евра инвестиции во инфраструктурата

Околу една милјарда и 300 милиони евра е вкупната инвестиција за патната и железничката инфраструктура што во истовреме се реализира во Македонија. 500 милиони евра е инвестицијата во железницата која треба да направи нова модерна железничка инфстаруктутра, а околу 800 милиона евра е инвбестицијата за само трите автопатски делници кои заеднички излесуваат 312 километри и како никогаш порано во Македонија се градат во истовреме.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во Интервју за Прес24, вели дека овие проекти ќе значат засилен развој на макдонската економија.

-Со оглед дека новите возови ќе бидат направени согласно техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија, значително ќе го подигнеме квалитетот на превоз за овој вид на сообраќај и на граѓаните ќе им понудиме европски услови за патување. Со ова, конечно ќе ја смениме сликата на Железницата, од претходната со стари и дотраени возови, вели Јанакиески акцентирајќи ја потребата од инвестции во железницата.

Зошто во Македонија 20 гидини не се инвестирало волку во патната и железничката инфраструктура е прашање за претходните влади, вели за Прес24, Јанакиески. Тој е дециден дека никој не треба да има сомнеж дека сите овие почнати проекти ќе бидар реализирани.

-Нема сомнеж дека сите започнати проекти ќе бидат завршени, затоа што ние не започнуваме ниту еден проект без претходно да ги изготвиме потребните студии и анализи и секако, не ги започнуваме без да ги обезбедиме потребните средства за нивна конечна реализација. Она што можам да го кажам во моментот е дека капиталните проекти чија реализација е во тек се одвиваат со добра динамика и според предвидениот календар на активности, вели министерот за транспорт и врски во интервјуто за Прес24.

СО заокружување на делницата Кичево-Гостивар, Македонинја ќе добие автопатско поврзување на западно јужниот дел од државата. Со релизација на делницата Демир Капија-Смоквица целата магистрала југ-север ќе биде автопатско поврзана, а по изградбата на автопатот Штип-Скопје, ќе продолжи и реализација на проект за поврзување на источниот дел од државата со експресен пат.

-На почетокот на следната година треба да ја имаме готова и проектната документација за проширување и реконструкција на ниво на експресен пат од Штип до Кочани. Планираме да го рехабилитираме и регионалниот пат од Кочани преку Македонска Каменица до Делчево, за овој дел сме во фаза на проектирање, вели Јанакиески во интервјуто.

Минситерот з атранспорт е задоволен од проектот за субвенционирање на ниско буџетните авио компании, за кои вели дека нема да имаат какви било последици и по изборот на нацвионален авио превозник, за кој Јанакиевски потенцира дека ќе има фер-игра, без фаворизирање на ниту една авиокомпанија.

Нема никакви интерференци помеѓу воспоставувањето на национален авиопревозник и субвенционирањето на нискотарифните превозници. Нискотарифните превозници нудат доста поволни цени за патување во воздушниот сообраќај и тоа е една голема поволност за граѓаните, токму затоа е и владината стимулација во овој дел. Пазарот во Република Македонија во оваа сфера е либерален и успешноста во работењето на секој оператор зависи од начинот на кој се менаџираат потребите на македонските патници и интересот за различните дестинации, вели Јанакиевски.

Межу останатите проекти кои се предмет на реализација на министерството за транспорт и врски, а за кои Јанакиески одговора на прашањата на Прес24, е и законот за домување. Досега се издадени 43 лиценци за фирми кои одржуваат станбени објекти.

-Важно е да се напомене дека континуирано се следи работењето на овие фирми и до сега се поведени постапки за одземање на лиценцата на 10 од нив, од кои 8 се веќе правосилни, а за 2 се води управен спор. Сите граѓани кои користат услуги од лиценцираните управители, за секое евентуално незадоволство од добиената услуга можат да се обратат до надлежната Регулаторна комисија, затоа што целта на овој закон е овозможување на прописно одржување на зедничките делови од зградите и доколку се констатира дека некоја компанија не се придржува до законските одредби, може да биде предмет на проверка со цел да се преиспита добивањето на соодветната лиценца, вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски во интервјуто за Прес24.

ПРЕС 24: Во Македонија пристигнаа првите 13 од вкупно 150 товарни вагони кои треба да бидат почеток на големата инвестиција за модернизација на македонската железница. Целукупниот инвестициски циклус во овој сектор треба да изнесува околу 500 милиони евра.  Што ќе значи ова за економскиот развој на државата?

ЈАНАКИЕСКИ:  Пред една недела пристигнаа првите вагони што се дел од Проектот за обновување на возниот парк во Железницата, а кој проект се реализира за прв пат после 35 години. Од тие 150 вагони, 75 се плато вагони, а 75 се отворени вагони во зависност од потребите на компаниите кои се комитенти на МЖ Транспорт. Очекуваме до крајот на јануари 2015 година да пристигнат сите 150 вагони. Со ова значително ќе се подигне квалитетот на услугите што ги нуди МЖ Транспорт.

Практично вагоните ги навабуваме со претходни консултации и договори со домашните компании кои имаат потреба од користење на вакви вагони за транспорт.  Инвестицијата е  вредна 13,2 милиони евра.

Освен набавката на 150 товарни вагони, овој проект опфаќа и набавка на шест патнички гарнитури возови и репарирање на десетина стари локомотиви и вагони за патниците во железничкиот сообраќај.

Пред неколку месеци, АД „Македонски железници – Транспорт“ потпиша договор со кинеската корпорација „CSR“за набавка на 2 електро -моторни гарнитури и 4 дизел гарнитури возови за превоз на патници.

Според договорот, до крајот на јули 2015 година очекуваме да пристигнат првите две електро-моторни гарнитури, а до крајот на 2015 и останатите 4 дизел гарнитури возови. Новите патнички гарнитури се со вкупен капацитет за околу 1.200 патници, односно секоја може да превезе по 200 патници. Она што очекуваме од оваа набавка е да го зголемиме капацитетот и квалитетот на превозот во железничкиот сообраќај. Со оглед дека новите возови ќе бидат направени согласно техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија, значително ќе го подигнеме квалитетот на превоз за овој вид на сообраќај и на граѓаните ќе им понудиме европски услови за патување. Со ова, конечно ќе ја смениме сликата на Железницата, од претходната со стари и дотраени возови. Набавката на новите возови е инвестиција вредна 25 милиони евра.

Паралелно со ова, работиме и на изградба на пругата кон Бугарија. Веќе сме во фаза на изградба на делницата Куманово-Бељаковце, што претставува прва фаза од железничкото поврзување со Бугарија. За делницата од Бељаковце до Крива Паланка се работи на проектирање додека пак за делницата од Крива Паланка до Деве Баир- граница со  Бугарија пред извесно време се избра конзорциум кој ќе врши проектирање на пругата.  Мометално работиме и на рехабилитација на делницата Неготино-Ногаевци на Коридор 10. Претходно завршивме со рехабилтација на делниците Табановце - Куманово и Миравци- Смоквица, исто така на Коридор 10.

До крајот на мај следната година очекувам да биде завршена реконструкцијата и модернизацијата на железничката станица во Скопје. Од следната година очекувам да започнеме и со релазација на проектот за надградба и реконструкција на 10 поголеми железнички станици на Коридорот 10, инсталација на опрема за радио диспечер и опрема за автоматска регулација на брзина на возовите. Генерално ова е првиот и најголем инвестициски циклус во железницата.

ПРЕС 24: Она што сега како дополнителен инфраструктурен план се најавува, надвор од она што веќе се реализра, е целосно поврзуванње на западно јужниот дел на државата со главниот град. Покрај Автопатот Охрид-Кичево, ќе се гради и автопатската делница од Кичево до Гостивар. Идејата е да биде јавно приватно партнерство. Сепак, една таква идеја пред неколку години не вроди со плод, поради немање интерес на инвесторите. Дали сега нешто е променето на тој план?

ЈАНАКИЕСКИ: Проектирањето на делницата Гостивар -Кичево е завршено. Според проектот новата делница ќе биде долга 42 километри.  Она што е значјно е дека превојот Стража целосно ќе се заобиколи. Новиот автопат треба да биде широк од 25,5 до 27,5 метри. Според проектот, изградбата би траела најмалку 3 години.  Во моментов правиме многу поволен пакет за реализација на проектот преку јавно приватно партнерство во вид на консеција.  Очекувам дека на почетокот на идната година ќе го објавиме и повикот за заинтересирани компании.  Изградбата на автопатот на потегот од Гостивар до Кичево ќе се надоврзе на автопатот од Скопје до Гостивар, односно ќе се поврзе со новиот автопат кој мометално се гради од Кичево до Охрид, така ќе имаме компелтно нова делница од Скопје до Охрид кој значително ќе го намали времето за патување и секако ќе ја зголеми безбедноста на овој патен правец.

ПРЕС 24: Западно-Јужната автопатска делница е само една од трите кои во моментов се рализираат. Тука е и Источната, кон Штип, но и заокружување на Автопатот Александар Македонски кај Демир Капија. Долго време опозицијата Ве обвинуваше дека нема инвестиции во инфраструктурата. Сега тие се реализираат и тоа во ист период. Моето прашање е дали не е ова еден преамбициозен проект, многумина се сомневаат дека тие автопатски делници ќе имаат завршница?

ЈАНАКИЕСКИ: Нема сомнеж дека сите започнати проекти ќе бидат завршени, затоа што ние не започнуваме ниту еден проект без претходно да ги изготвиме потребните студии и анализи и секако, не ги започнуваме без да ги обезбедиме потребните средства за нивна конечна реализација. Она што можам да го кажам во моментот е дека капиталните проекти чија реализација е во тек се одвиваат со добра динамика и според предвидениот календар на активности.

Морам и во оваа прилика да нагласам дека како никогаш досега во земјава се работи паралелно на изградба на вкупно 132 километри нова автопатска мрежа во која инвестираме речиси 800 милиони евра.

Тоа е изградбата на автопатите од Скопје до Штип, со должина од 47 километри. Предвидено е да биде целосно изграден во 2017 година, инвестицијата е вредна 208 милиони евра.

Вториот автопат кој го градиме е од Кичево до Охрид, долг  57 километри. Оваа инвестиција е највредна до сега и чини околу 374 милиони евра. Најзначајната придобивка од овој нов автопат за кој е предвидено да  биде завршен во 2016 година ќе биде можноста за поедноставена, побрза и побезбедна комуникација северо западниот дел на земјата.

Третиот автопат кој во моментов се гради е автопатот Демир Капија – Смоквица. Станува збор за автопат долг 28,2 километри. Оваа делница беше единствената од Коридорот 10 која со децении остана на ниво на магистрален пат. По нејзиното комплетирање, целата делница од влезот во Македонија на север од Србија па се до излезот на југ кон Грција ќе биде на ниво на автопат. На оваа делница се пробива и најдолгиот тунел во нашата земја со должина од 660 метри.

Паралелно со ова, објавивме и јавен повик за реконструкција и надградба на 10,1 километри од автопатната делница од Смоквица до Гевгелија, а во тек е и реконструкција на делницата од Велес до Катланово. Минатата година ја завршивме реконструкцијата на автопатската делница од Катланово до Велес. Исто така, во тек е зајакнување и санација на мостовите на овој потег и очекувам по реализацијата на сите овие проекти нашиот дел од патниот коридор 10, кој претставува меѓународна рута која поминува низ Македонија да биде на едно квалитетно ниво, што секако ќе го забрза протокот на стока и патници.

ПРЕС 24: Во рамки на инфраструктурните инвестиции се и реализацијата на неколку регионални делници со реконструкција, но и со нивно проширување. Почна третата фаза од проширувањето на патот, Велес-Штип. Што ќе се случува со останатиот дел,  Штип-Кочани и кон границата со  Р. Бугарија. Она што е значајно со овие инфраструктурни проекти, особено во источниот дел на државата е можноста за економско заздравување на овој дел. Со години истокот индиректно беше запоставен. Зошто дваесетина години не се инвестираше во овој регион? 

ЈАНАКИЕСКИ:  Зошто не се вложувало во подобрувањето на патната инфраструктура во Источниот дел на земјата е прашање кое веројатно треба да го упатите на некои од претходните министри за транспорт и врски. Ние како влада посветуваме големо внимание на рамномерниот економски развој и континуирано реализираме проекти за подобрување инфраструктурата секаде каде што тоа е потребно .

Развојот на патната инфраструктура во источниот дел на Р. Македонија е еден од приоритетите на оваа Влада. Знаете дека веќе во тек се градежните работи на новиот автопат "Гоце Делчев" кој ќе се протега од Миладиновци до Штип. Автопатот ќе биде готов во 2017 година и значително ќе придонесе за развојот на тој регион, особено преку намалување на времето на транспортот на стоки. Проценките се дека за околу 30 -тина минути ќе се намали времето за патување од Штип до Скопје.

Уште една делница која во моментов се реконстурира, а е клучна артерија кон Истокот, е делницата од Велес до Кадрифаково со должина од 24, 3 километри. Оваа инвестиција изнесува 15 милиони евра. Низ овој патен правец секојдневно транзитираат голем број на возила и токму заради тоа целта е истиот да го претвориме на ниво на  експресен пат.

Околу 60 милиони евра планираме да инвестираме во изградба на експресен пат од Штип до Радовиш. Проектирањето на оваа делница е во тек. На почетокот на следната година треба да ја имаме готова и проектната документација за проширување и реконструкција на ниво на експресен пат од Штип до Кочани. Планираме да го рехабилитираме и регионалниот пат од Кочани преку Македонска Каменица до Делчево, за овој дел сме во фаза на проектирање. Годинава завршивме реконструкција на дел на регионалниот пат од Македонска Каменица до Делчево. Минатата година реконструиравме и дел од регионалниот пат Кочани - Виница.  Дополнително планираме и изградба на нов експресен пат од Ранковце до Крива Паланка.

Сите овие проекти имаат големо значење за развој на екононијата во тој регион, особено по најавата за инвестиции на неколку странски инвеститори и изградба на слободни економски зони.

ПРЕС 24: Субвенциите на ниско буџетните компании се покажа како добар проект. Од скопскиот Аердором направи привлечна дестинација. Сега се најавува ново поврзување со уште два центри во Европа. До кога ќе продолжи овој проект?

ЈАНАКИЕСКИ:   Со цел за македонските граѓани да понудиме повеќе нови дестинации, Министерството за транснпорт и врски на почетокот на следната година ќе распише нов јавен меѓународен повик за доделување финансиска подршка. Условите генерално ќе бидат многу слични како и претходниот пат.  Сега со овој повик, ќе побараме од авиокопанијата да воведе четири нови дестинации од Скопје кон Шпанија и Норвешка и една дестинација од Охрид. Нашата цел  е летовите кон Шпанија и Норвешка да стартуваат од јуни најдоцна од септември следната година. Со субвенционирањето на директна авиолинија од Охрид, сакаме да ги искористиме капацитетите на Охридскиот аеродром, кои засега сметаме дека не се искористени целосно.

Овој проект ќе продолжи во следните три години за што планирани се средства од околу 5 милиони евра. Го продолживме овој проект бидејќи дава резултати. Само пред една недела го одбележавме пристигнувањето на милионитиот патник на скопскиот аеродорм, бројка која долго време ја поскаувавме. Очекуваме дека годинава ќе ја заокружиме со бројка од околу 1,2милиони патници.

ПРЕС 24: Во фаза на избор е и национален авио превозник. Има ли заинтересирани кандидати?

ЈАНАКИЕСКИ:   Министерството за транспорт и врски изработи проектна програма за изработка на студија за можноста за формирање, односно воспоставување на национален авиопревозник во Република Македонија со цел отпочнување на постапка за јавна набавка за избор на консултант за изработка на Студијата.

Студијата треба да резултира со изработена документација, која јасно ќе покаже дали можноста е исплатлива и остварлива и каде ќе се дефинираат условите за формирање, односно воспоставување на национален авиопревозник во Република Македонија.

ПРЕС 24: Во јавноста се споемува Туркиш Ерлаинс како можен иден национален авио превозник?

ЈАНАКИЕСКИ:   Повикот кој ќе го објавиме за воспоставување на национален авиопревозник доколку студијата се покаже дека идејата е економски исплатлива ќе биде маѓународен, што значи дека сите авиокомпании кои се заинтересирани и ги исполнуваат критериумите ќе можат да се пријават. Ќе повторам дека сега сме во рана фаза за оваа постапка. Ќе  чекаме да се изготви анализата па потоа ќе ги разгледаме опциите. Но сакам да потенцирам дека не постојат компании кои би биле фаворизирани, доколку распишеме повик секако ќе овозможиме фер-игра, постапка целосно ќе биде транспарентна.

ПРЕС 24: Што ќе се случи со ниско-буџетните компании и летови, доколку Македонија воспостави национален авио превозник. Дали тие би го загубиле пазарот, и дали и со национален авио превозник, би продолжиле субвенициите за ниско буџетните авио-компании?

ЈАНАКИЕСКИ: Како што кажав и претходно, особено сме задоволни со резултатите од проектот за стимулирање и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија и овој проект ќе продолжиме и понатаму да го имплементираме. Нема никакви интерференци помеѓу воспоставувањето на национален авиопревозник и субвенционирањето на нискотарифните превозници.

Нискотарифните превозници нудат доста поволни цени за патување во воздушниот сообраќај и тоа е една голема поволност за граѓаните, токму затоа е и владината стимулација во овој дел. Пазарот во Република Македонија во оваа сфера е либерален и успешноста во работењето на секој оператор зависи од начинот на кој се менаџираат потребите на македонските патници и интересот за различните дестинации.

ПРЕС 24: Проектот за легализација на дивоградбите. Во која фаза е, досега се релаизирани помалку од половината од поснесените 350.000 барања?

ЈАНАКИЕСКИ: Процесот на легализација на бесправните објекти започна во 2011 година кога беше креирана законска рамка и се определија рокови за да се реши проблемот кој го имаат голем број наши сограѓани кои не можеа да остварат право на сопственост  на објектитите во кои живеат, во некои случаи и по повеќе децении.

Добивме повеќе од 350.000 барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Мометлано до сега решени се една третина или 106 илјади барања.

Оваа година направивме и некои законски измени за да се подобри процесот и да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните. Така, се продолжи рокот за доставување на геодетски елаборати до 31 декември 2015 година. Друга измена се однесуваше на тоа дека се дава нова можност за  поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправни доградби на објекти со намена домување во станбени згради - тераси и тераси пренаменети во станбен простор. Новиот рок за доставување на овие барања за легализација на терасите и е 30 јуни 2015 година, а значајно е да се потенцира дека овој нов рок важи само доколку истите тие објекти се изградени до денот на влегување во сила на Законот за постапување со бесправно изградени објекти односно пред 3 март 2011 година.

Исто така, со законски измени, овозможивме и изработка на бесплатни елаборати за легализација на бесправно изградени објекти за примателите на социјална и постојана парична помош и лицата со ниски примања.

ПРЕС 24: Веќе неколку години функционира проектот за заедници на станари. Популарните куќни совети. Каков е фидбекот, искуството, дали овој прокет се покажа како добар или е потребно негово менување?

ЈАНАКИЕСКИ: Денес е многу поедноставно да се живее во една колективна зграда, отколку пред да ги уредиме односите за одржување на заедничките делови преку Законот за домување. Жителите на една станнбена зграда имаат можност да одберат дали самите ќе формираат куќен совет или ќе ангажираат некое од лиценцираните правни лица кои ќе се грижат за заедничките делови во зградата како управители.

Согласно податоците кои ги имаме од Регулаторната комисија за домување, до сега се издадени лиценци на вкупно 43 правни лица, значи со Законот за домување, меѓу останатото, овозможивме отворање на нови компании и вработување на стотици лица, кои вршат услуги за управување и одржување на станбени згради, односно на нивните заеднички делови и според добиените податоци, истите опслужуваат повеќе од 2.000 станбени објекти од кои најголемиот дел се во Скопје, каде има и најголема концентрација на станбени згради, што посочува на тоа дека одредбите од законот функционираат и се применуваат во пракса.

Важно е да се напомене дека континуирано се следи работењето на овие фирми и до сега се поведени постапки за одземање на лиценцата на 10 од нив, од кои 8 се веќе правосилни, а за 2 се води управен спор. Сите граѓани кои користат услуги од лиценцираните управители, за секое евентуално незадоволство од добиената услуга можат да се обратат до надлежната Регулаторна комисија, затоа што целта на овој закон е овозможување на прописно одржување на зедничките делови од зградите и доколку се констатира дека некоја компанија не се придржува до законските одредби, може да биде предмет на проверка со цел да се преиспита добивањето на соодветната лиценца.

ПРЕС 24: Кој е ефектот од продажба на државно градежно земјиште. Колку пари инкасира државата?

ЈАНАКИЕСКИ: Откако овозможивме општините сами да управуваат со градежното земјиште пред три години, до сега вкупно 45 општини го имаат преземено овој процес. Во соработка со ЗЕЛС се надгледува работата во оваа сфера, со цел сите предмети да бидат решавани во согласност со законските прописи и пропишаните рокови.

Министерството за транспорт и врски спроведува постапки за електронски јавни наддавања за локации кои се во општините кои не управуваат со земјиштето. Задоволни сме од начинот на кој се врши отуѓувањето на земјиштето затоа што целосната постапка е по електронски пат и многу транспарентна.

Продажбата на парцели доведува до нови инвестиции и дополнително активирање на градежната оператива. Во овој период од три години кој го наведов, по пат на електронски јавни наддавања отуѓени се вкупно од 327 локации со најразлични намени, од кои најмногу 196 се за изградба на индивидулно и викенд домување.

12.11.2014 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега