Најголемото истражување за млекото! - дали е штетно?

Чаша млеко дневно ги зацврстува коските. Млекото го потикнува и доброто расположение. Се се ова фрази кои секој ги знае. Резултатите од едно шведско истражување ваквите тврдења ги доведува до сомнеж.

Девојче со „бркови“ од млеко се смее пред камера, а во раката држи чаша млеко, а веднаш до неа полно шише. Омилен рекламен мотив. Иско како и блескавото бело млеко кое како некоја магија се меша со здрави обоени снегулки. Таквите слии секојдневно се гледаат на малите екрани. Асоцијација: Млекото е доста здраво.

Големото истражување

Оваа порака е можеби претерана, но резултатите на едно шведско истражување фрлаат сомнеж на тоа колку млекото може да биде здраво. И тоа во неговата чиста форма, не како додаток на слатките овошни снегулки или слични на нив, пишува Дојче Веле.

Во периодот меѓу дваесет години научниците од Универзитетот Упсала, набљудуваа 61.000 жени во текот на девет години и 45,000 мажи, за да ја документираат поврзаноста меѓу конзумирањето на млеко, високата стапка на смртност и честите кршења на коските.

Резултатот: Смртноста кај испитаниците кои дневно пиеле три чаши млеко или повеќе била над просекот. Но бројот на скршените коски бил зголемен само кај жените кои конзумирале многу млеко, но не и кај мажите.

Ецкхард Хеусер од Савез млечната индустрија во Берлин го критикува пристапот на шведските научници и смета дека истражувањето како што е ова извлечени се погрешни заклучоци.

Дури и Карл Михаелсон еден од авторите на студијата, предупредува на прераните заклучоци: „Не можеме да кажеме дека станува збор за последици предизвикани исклучиво од конзумирањето на млекото. Млекото е само дел од мозаикот“.

Првите осомничени

Можно е, но, и да шведските експерти идентифицирале потенцијален виновник во тој мозаик. Тие со сомневаат на галактозата – моносахарид кој главно се јавува кај кравјото млеко. Глувците и стаорците на кои им е давано со денови брзо старееле и порано умирале.

Количината која ја добиле одговарала отприлика на онаа во две чаши млеко. Поинаку е со млечните производи, како сирењето и јогуртот. „Во споредба со кравјото млеко, млечните производи кои се ферментирани имаат значително ниско ниво на галактоза“, вели Михаелсон.

Хеусер се сомнева во пресловиста на резултатите на експриментите со животните на луѓето. „Се разбира животното порано ќе умре ако добива прекумерна количина на шеќер“. Тој напоменува дека луѓето кои дневно ќе испијат три чаши млеко, што кај возрасните не се смета за вообичаено, не можат да ја достигнат таа количина. Ако сомнежите со галактозата се точни, жените повеќе не смеат да ги дојат бебињата затоа што вредноста во мајчиното млеко е во поголема количина отколку во кравјото“, објаснува Хеусер.

Отворени прашања

Неопходни се понатамошни истражувања, сметаат и шведските научници. Меѓу останатото потребно е да се испита и влијанието на штетните фактори, како што се храната, пијалоците, спортот и пушењето. Лицата кои биле набљудувани биле од различни возрасти. Резултатот од истражувањето на Михаелсон се гледа како повод за понатамошна работа: „Не можеме да им даваме совет за конзумирање на млеко кое се заснова на само една студија. Резултатите мораме внимателно да ги анализираме. Нашата студија објаснува едно: Потребни ни се истражувања од поголеми размери“.

За млечната индустрија резултатите од истражувањето се фатални, смета Хеусер: „Потребни се години за да го уништиме тој лош впечаток“. Сепак, тој гледа и позитивно во ова истражување: „Друштвото се интересира за прехрана и добро е да се говори за мелкото“.

Така да следниот пат кога ќе седите со чаша млеко пред телевизорот, на кој ќе се појави реклама со дете со бели млечни мустаќи, и понатаму можете да наздравите.

 
09.11.2014 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега