Познатата македонска пејачка се враќа на музичката сцена

Тања Царовска, пејачката и авторка со интернационална кариера, првично се повлече како изведувач, но подоцна се премисли и на 12 ноември ќе ја видиме на сцената во „Метрополис арена“ кога ќе се избира македонскиот претставник на Евросонг 2015 година, пренесе Дневник.

- Kога имав 15 години, на Скопски фестивал ми примија песна како анонимен автор. Практично бев дете, најмлад композитор таа година, а веројатно и воопшто во историјата на фестивалот. Скопски ми ја даде првата шанса да се презентирам како автор и изведувач на сцената кај нас, а тоа индиректно ми даде огромна поддршка да продолжам да создавам музика и да верувам дека ништо не е невозможно. По толку години поминати на странски сцени, сметав дека сега е време да се оддолжам – објаснува таа за Дневник.

09.11.2014 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега