Зошто Марк Цукерберг секогаш е облечен во иста маица?

 

Сигурно сте забележале дека Марк Цукерберг секогаш во јавноста се појавува во една иста сива памучна маица.

Тој „моден гаф“ или ексцентричност не им избега на многубројните и љубопитни корисници на социјалните мрежи, па неодамна, во текот на четот во живо беше прашан зошто секогаш е облечен во една иста сива маица.

- Сакам да си го поедноставам животот. Секојдневно носам многу важни одлуки и се трудам да се ослободам од оние неважните. Па дури и оние наизглед безначајни одлуки како што е облекувањето или што да се јаде за појадок, одземаат време и енергија која можеме да ја посветитеме на поважни прашања, одговори шефот на Фејсбук.

Тој објасни дека, секако, не е една иста маица, туку дека во својата гардероба има повеќе исти маици.

Американските новинари не пропуштија да направат паралела со починатиот гениј Стив Џобс кој секогаш носеше фармерки и обична црна ролка. Тој, исто така, сметаше дека времето и мисловните капацитетии не треба да се трошат на банални одлуки па дури им сугерирал на своите вработени секогаш да носат иста облека.

07.11.2014 - 19:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега