Албанци се испукале пред кафуле: Четворица мртви

Четири лица загинаа, а двајца се тешко повредени во вооружената престрелка што се случила рано утрово пред ноќниот клуб „Анте Гранд“ во Тирана.

Меѓу убиените тројца се жители на Тирана и еден италијански државјанин.

Смртно застрелани се Арбр Демирај (19) син на поранешниот јавен обвинител Скендер Демирај, потоа  Едисон Јахо(36), Енеа Џаји (38) и Италијанецот Паоло Азоло (60).

Во пресметката учествувале најмалку осум лица, еден од осомничените за убиство е Констандин Џувани, син на албанската пратеничка Луиза Џувани.

Според полицијата инцидентот се случил во четири часот наутро, пред клубот по банална распаравија во просториите на еден од најфреквентните ноќни клуови во албанската метропола. 

Полицијата привела дваесетина лица, очевидци на настанот, меѓу нив и пејачката во клубот

04.11.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега