ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Жена се самозапали пред кабинетот на Претседателот

Триесет и осумгодишна жена попладнево се запали пред зградата на Претседателот на Бугарија во Софија, сооопшти Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи дека слични драми во оваа земја се случија и минатата 2013 година.    Жената се здоби со тешки изгореници, но остана жива, сооопштија од болница.  Во моментов не се соопштува нејзиниот идентитет, а не се знае ниту причината за самопалењето.  Просечната плата во Бугарија изнесува 400 евра, а секое петто домаќинство живее под прагот на сиромаштијата. Според неодамнешните испитувања, 69 отсто од Бугарите сметаат дека состојбата во земјата е „неподнослива".  Во неколкуте инциденти со самозапалување во Бугарија, во периодот меѓу февруари и мај 2013 година, шест лица го загубија животот, а тоа главно го изведоа во знак на протест против политичката корупција и скапиот живот.

04.11.2014 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега