Ридван Хаќифи нов лидер на албанските џихадисти во ИД

Новиот лидер на албанските џихасти во Исламска држава е 24-годишниот косовски имам Ридван Хаќифи од Гљилане.

Како што пренесува МИА, Хаќифи, познат под името Ридван Ел-Албани подолго време војувал во Сирија, а доаѓа на местото на Лавдрим Мухаџери од Качаник и бил еден од неговите најблиски соработници.

- Командантот на Албанците во ИД, Ридван Хаќифи, кој го замени терористичкиот командант Лавдрим Мухаџери е имам на Исламската заедница на Косово, пишува приштински „Експрес“.

Во средината на август беше пласирана веста дека Мухаџери е убиен при водушен напад во Сирија, но неговите соборци го демантираа таа.

Сепак од тогаш него веќе не го споменуваат, а ова е прва вест дека албанските џихадисти имаат нов лидер, што го потврдуваат на социјалните мрежи самите тие.

04.11.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега