ФОТО: Ова е жената која се самозапали во Бугарија

Триесет и осумгодишната жена која вчера попладнето се запали пред зградата на претседателот на Бугарија во Софија,е Лидија Петрова.

Лидија била фотограф по професија и мајка на едно дете. Таа вчера наутро им посакала добро утро со песна на Марк Нопфлар на своите пријатели на Фејбук, пред да тргне во самоубиствената мисија.

Лидија исто така често држела и предавања на деца кои ја сакаат фотографијата, а нејзиното мото на предавањето било дека стравот е најголемиот непријател на фотографијата.

Жената се здоби со тешки изгореници, по што беше префрлена во болница. Тамошните медиуми јавуваат дека здравствената состојба на Лидија се уште е критчна.

04.11.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега