Тирана не ги признава изборите во Источна Украина

Официјална Тирана оценува дека „изборите одржани вчера во самопрогласената Народна Република Доњецк и Луганс се незаконски“.

Во соопштение за јавноста на албанското Mинистерство за надворешни работи, уште се додава дека изборите биле во спротивност со Уставот на Украина, националните закони и меѓународните норми.

- Тие се закана за суверенитетот и територијаниот интегритет на Украина и се во спротивност со договорот од Минск, од петти септември 2014 година, придонесувајќи на тој начин за ескалација на конфликтот во источниот дел на Украина, - стои во соопштението.

Албанското Mинистерство за надвoрeшени работи смета дека секое решение за ситуацијата во Украина треба да се заснова на почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и меѓународното право.

03.11.2014 - 17:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега