Шокантно: Зошто цената на лимонот падна за речиси 100%?
На лимонот еден од најраспостранетите цитрусни овошки, цената во супермаркетите и на пазарите му падна за речиси 100% во однос на периодот пред 1-1,5 месец, кога се продаваше за околу 160 денари, а сега истиот може да се набави и по цена од 80 денари за килограм.
Знаете ли зошто е тоа така?
Објаснување дава хрватскиот портал за истражување на цените supermarket.info, каде цената на лимонот е намалена за 40% во однос на месец септември. Нивното истражување покажало дека евтиниот лимон на нивниот пазар потекнува од Турција, а на неговата декларација пишува “Да не се користи кората! Лимонот е третиран со имазалил“. Предупредувањето, пишува порталот, е напишано со многу мали и нечитливи букви, кои многу мал број на купувачи можат да ги прочитаат.
Имазалилот е фунгицид, кои продира низ целиот плод, а не само низ кората. Толку е токсичен што ја иритира кожата и предизвикува солзење на очите. Стабилен е и на високи температури, а делува на репродуктивните органи и докажано е канцероген. Кај малите деца имазалилот предизвикува проблеми во централниот нервен систем. Просечно утврдена количина е 5,2 милиграми на килограм, па е доволен еден поголем лимон за пречекорување на дневната доза, пишува supermarket.info.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа