Мобилните оператори го донесоа iPhone6 во Македонија - еве за колку пари се продава
Во продавниците на сите три телекомуникациски оператори во земјава „Телеком“, „Оне“ и „Вип“, се продава „Ајфон 6“. Корисници на мобилната телефонија можат да го купат најновото технолошко достигнување на „Епл“ преку нивните тарифни модели. Во „Телеком“ е во тарифата „плеј и комфор“, а цените се движат од 1.655 денари до 1.931 денар на 24 рати.
Телекомуникацискиот оператор „Оне“ соопшти дека „Ајфон 6“ е достапен со специјалните тарифни модели на „Оне“ - Л, М и С за сите нови постпејд, приватни и бизнис-корисници, но и постојни корисници кои ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.
А во „Вип“ најновиот „Ајфон“ се продава од почетокот на месецов. Телефонот е достапен со почетна цена од 1.499 денари месечна рата во тарифите „вип фри“ со договор на 24 месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа