Еве на кои патни правци треба да внимавате
На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Работите на оваа делница ги извршува АКТОР А.Д.Т. - подружница Скопје и со цел да се обезбедат предуслови за безбедна и сигурна инсталација на системот за заштита при паѓање на карпи, секој ден од 22.04 до 26.04, во влезот на постоечкиот тунел во Демиркаписката клисура целосно ќе се затвора сообраќајот во временски интервали од 1 час од 09:30-10:30, 11:30-12:30, 13:30-14:30, 15:30-16:30
Според известување добиено од инженеринг компанијата „Геинг“, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
На патниот правец Гостивар - крак Маврово кај село Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.
Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Патниот правец Р504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица не е прооден за сообраќај. Сообраќајот се одвива до месноста Корита но само од охридската страна.
На патниот правец Р523 Делчево-Пехчево на 12-ти км. Поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента и тоа во должина од 250 метри. Сообраќајот се регулира со поставена соодветна патна сигнализација.