Белград: Си ја породил сопругата во автомобил
Денеска во Белград, сопруг си ја породил сопругата во автомобил.
Се работи за бремената Соња Голубовиќ Стојановиќ која добила контракции во автомобил и бидејќи очигледно бебето не можело да чека, нејзиниот сопруг ја породил на предното седиште од автомобилот.
На овој настан присуствувала и нивната 4-годишна ќеркичка која седела на задното седиште од автомобилот.
За среќа, со породувањето се било во ред и Соња на свет донела здраво женско бебе.