Викендов ќе се „поремети" сообраќајот во Скопје

 Градот Скопје ги информира граѓаните дека викендов на дел од булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов", на потегот од крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“, во периодот од 07.00 – 17.00 часот ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.

 Поради тоа, на дел од булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов", ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

 Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

17.10.2014 - 15:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега