Инцидентот е смислена провокација на Западот пред посетата на Путин

Политичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ денеска изјави дека она што се случуваше за време на натпреварот помеѓу Србија и Албанија е „масло“ на западните држави, односно западните центри на моќ.

Сценариото, како што смета тој е поради тоа што не им се допаѓа тоа што Путин утре доаѓа во посета на Србија.

 

Во утринската програма на РТС, Анѓеловиќ оценил дека не станува збор за инцидент туку за систематско испланирано сценарио на оние кои не сакаат Путин да го посети Белград како и оние кои не сакаат стабилност во Србија.

Тој укажал дека станува збор за политизација на српското општетсво како и провокации и создавање нестабилност во Србија, врз основа на националната гордост.

-Зарем би можело во нормални околности во некој друга земја некој неколку пати да се уфрли пред камера и така да го навредува премиерот, потенцирал Анѓелковиќ.

Тој укажал дека никој нема да ги повика на одговорност албанските политичари за „парадата на шовинизмот од Тетово преку Бујановац, Косово и Метохија до Албанија.“

Анѓелковиќ е убеден дека нема да има никакви проблеми на воената парада во Белград за време на посетата на Путин.

Политичкиот аналитичар Бранко Радун смета дека инцидентот е режиран со цел да се испрати порака до властите во Белград дека во секој момент можат да предизвикаат хаос, доколку во присуство на рускиот претседател се организира воена парада и дека инцидентите се напад врз Србија.

Радун додал дека зад инцидентите не стои само Албанија, туку најверојатно станува збор и за некои центри за моќ од Западот, кои сакаат да создадат хаос пред посетата на Путин.

 

Имено, станува збор за досега нечуена провокација која има за цел дестабилизација не само на Србија туку на регионот.

15.10.2014 - 12:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега