Еди Рама тврди: брат ми не е уапсен во Белград!

По прекинатиот меч синоќа помеѓу Србија и Албанија во Белград се огласи и Албанскиот премиер Еди Рама чиј брат беше уапсен со управувачот на леталото кое го внесе знамето на голема Албанија на стадионот на Партизан.

Тој не го коментираше апсењето на неговиот брат кој го предизвика инцидентот и во твитовите тврди дека брат му не е уапсен, туку заштитен со останатите кои биле со него.

Еди Рама наведува дека брат му Орфи е и албански државјанин кој нема врска со полтиката

- „Горд на црвено-црните додека имаше фудбал за играта и шансите. Жалам за соседите кои оставија лош впечаток" напиша Рама на Твитер.

15.10.2014 - 11:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега