Избегнувајте да се движите кај браната на Слатинското езеро

 

 

Министерството за животна средина и просторно планирање и препорачува да се избегнува движењето кај Слатинското Езеро поради состојбата со браната.

Препораката особено се однесува на риболовните друштва и спортските риболовци со оглед на тоа дека сега започнува ловната сезона.

Се преземаат активности за спас на рибниот фонд преку преселување на соодветни локации, соопштуваат од Министерството.

ФОТО: Плусинфо