Поднесени над 40.000 барања за отпис на долговите

На последниот ден од пријавувањето за отпис на долговите, поднесени се 2.000 барања, а до 16 часот вкупната бројка на поднесени барања изнесува 40.814, пренесува МИА.

- Со овој проект се обдиовме да ги опфатиме оние категории граѓани кои се во најтешка положба. Имаа доволен временски период од околу два месеца за да аплицираат и да го искористат правото за еднократен отпис на долговите, проект кој што ни беше и предизборно ветување и кој го стартувавме како прв проект со цел да им дадеме можност полесно да го надминат социјалниот ризик на оние граѓани кои се во најтешка состојба, истакна министерот Спасов.

Инаку, поднесувањето барања за отпис на долговите почна на 18 август. Се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата.

14.10.2014 - 09:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега