Трифун Костовски го нападна Иванов за јахтата и исчезна?

 

„Јахтата што државата ми ја одзеде нелегално, сега ја користи претседателот Ѓорѓе Иванов додека е на летување во вилата „Билјана“ во Охрид.“

Оваа изјава, која наводно ја дал бизнисменот Трифун Костовски за хрватскиот бизнис-неделник „Бизнис пипл“ ја разбрануваа македонската јавност. Од „Утрински весник“ се обиделе да го контактираат Костовски, но, скопскиот бизнисмен бил зафатен во текот на целиот ден, па од весникот не успеале да добијат информација дали скандалозната изјава е автентична.

Утрински пренесува дека од Кабинетот на Иванов изјавиле дека претседателот ниту ја поседува, ниту ја користел одземената јахта на Костовски.

ФОТО: dw.de

најчитано сега