Филе: Црна Гора го зазема водечкото место во процесот на пристапување кон ЕУ

Црна Гора го зазема водечкото место во процесот на пристапување кон Европската унија на Западен Балкан, оцени еврокомесарот во заминување Штефан Филе, кој од 2010 година раководи со ресорот за проширување на ЕУ и ја следи Црна Гора на нејзиниот европски пат.

- Напредокот на Црна Гора е за пофалба, посочи Филе додавајќи оти земјата во 2010 година доби кандидатски статус, а две години подоцна затворила дури 12 поглавија, од кои две веќе се привремено затворени.

Тој истакна и дека Црна Гора во 2013 година усвоила значителни уставни реформи, кои сега ги применува во пракса.        

- Клучен предизвик е да им се обезбеди на граѓаните да ги почувствуваат конкретните резултати од промените, бидејќи ја заслужуваат можноста да се потпрат на брзото, ефикасно и непристрасно судство и заслужуваат да живеат и работат во опкружување без корупција, наведува Филе.

08.10.2014 - 12:20


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега