ММФ предвидува економски раст и пад на невработеноста во Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај за глобалната економија, предвидува еконмски раст на Грција во текот на следната година, како и намалување на невработеноста, јави агенцијата АНА-МПА.

Во 2015 година Фондот очекува раст на грчката економија од 2,9 проценти, за разлика од растот од 0,6 отсто оваа година, како и инфлација од 0,3 проценти. За 2014-та ММФ прогнозира дефлација од 0,8 проценти.

ММФ исто така предвидува дека невработеноста во Грција во текот на следната година ќе се намали на 23,8 проценти, што би било намалување на стапката  од овогодишните 25,8 отсто. 

08.10.2014 - 11:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега