Што се случува во вашето тело кога ќе го одложите алармот?

На секој од нас му се има случено да го одложи алармот барем еднаш или два пати. Луѓето се убедени дека тие пет до десет минути сон многу ќе им значат, Но тоа воопшто не е добро за вашиот огранизам. Оштетувањето кое настанува со одложувањето на алармот може да ви го уништи целиот ден.

„Кога ќе го одложите алармот си играте со RЕМ фазата од сонот. Таа е најважната фаза во сонот, клучна е за добар ментален фокус во текот на денот“, вели доктор Мајкл Бриус, специјалист за соништа.

Алармот ве извлекува од РЕМ фазата, а со одложувањето на алармот и повторното тонење во сон, повторно влегувате во таа фаза. Поради тоа после цел ден се чувствувате зашеметено и вашата продуктивност е послаба.
Уште една од последиците е тоа што вашиот телесен часовник го губи ритамот. За цикардијалните ритмови кои влијаат на вашиот внатрешен часовник, најдобро би било да се разбудите во оној момент кога вашиот аларм ќе заѕвони за прв пат. Ако повторно заспиете после алармот, цикардијалните ритмови се пореметени, вашето тело станува збунето кога е време за спиење, а кога за будење. Поради тоа сте константно ненаспиени, па цел ден не можете да се разбудите во целост.
Наш совет е да се одвикнете од одложување на алармот или купите часовник кој нема опција за одложување. Или едноставно, однапрет наместете го алармот за подоцна. 

08.10.2014 - 10:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега