Крвава тепачка во Штип - младо момче заврши во болница
25-годишниот И.А. од с.Коџалија, радовишко синоќа пријавил во полициска станица дека 28-годишниот И.О. 20-годишниот С.И. и 21-годишниот И.И.) сите од Штип физички го нападнале неговиот другар С.М.(28). Насилниците почнале да го удираат со тупаници и клоци по телото, по што го турнале на земја и продолжиле да го тепаат. Потоа му гипребарале џебовите и му одзеле три мобилни телефони и паричник во кој имало 24.300 денари.
Од страна на полициски службеници од ПС-Штип на лице место биле затекнати сторителите, истите се лишени од слобода, од извршениот преглед пронајдени се предметите на кривичното дело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа