Ја соблекоа до гола кожа па и го пресекоа вратот- се огласи ќерката на првата жртва на монструмот Дарко

Мојата мајка Јулијана Лукшиќ(64) беше убиена од Дарко Костиќ и уште еден негов пријател. Тие ја заколеа при обид за грабеж. Вели Валерија Симончиќ ќерка на првата жртва на монструмот кој пред извесно време ја уби малолетната Ивана Подрашчиќ.

Страв и морници. Така се почувствував кога го слушнав името на Дарко Костиќ. Тој пред 21 година ја уби мојата мајка Јулијана и доби казна од седум години затвор.

Јулијана живеела во стан на улицата Степан војвода 38, а тогаш во 1993 била свирепо убиена. Првослав Јеремиќ и Дарко Костиќ ја соблекле до гола кожа, со кабел и ги врзале рацете и нозете а потоа и го пресекле вратот и го распарале стомакот, за на крајот да уринираат по телото на жртвата како ништо да не се случило вели Валерија.

Таа додава дека била шокирана кога видела дека убиецот на нејзината мајка е всушност и убиец на Ивана. 

07.10.2014 - 11:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега