Дали би носеле кондом во вид на пантолони?
Повеќето мажи се свесни за фактот дека кондомот е задолжителна заштита, се појави нова, уште подобра, но и понепривлечна верзија на кондом кој го штити меѓуножјето.
Скроталниот кондом е развиен така што го покрива целото меѓуножје во текот на сексуалниот однос и така го намалува ризикот од сексуално преносливи инфекции. „Scroguard” се носи како кондом и го намалува контактот кожа со кожа и така го намалува ризикот од инфекции како херпес и генитални брадавици, кои се пренесуваат преку кожата.
Овој кондом е дизајниран за луѓе кои уживаат во сексуалните разлики и свингерски парови, како и за мажите кои имаат многу силно либидо.
Сексуално преносливите болести можат да се добијат преку посредство на незаштитен сексуален однос, генитални излачувања, контакт кожа со кожа, како и кога некој има отворени рани.
Стандардните кондоми за мажи се направени за да ја спречат спермата да дојде во контакт со партнерката и може да служи како заштита од сексуално преносливи болести, кога се употребува правилно. Тие можат да ја заштитат кожата на пенисот, но затоа целото меѓуножје е незаштитено.
Овој кондом е направен од латекс, како и стандардниот кондом, но покрива многу поголем дел и со самото тоа овозможува поголема заштита.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа