Проблеми со iPhone 6 од австрискиот А1 - проверете од каде го набавувате

 

 

Aвстрискиот портал Futurezoneобјави дека корисниците кои го набавиле новиот iPhone6 преку операторот A1 се пожалиле напречкипри конфигурирањето.„АвстрискиотA1 не ги набавува уредите официјално од Apple, и изгледа не се чувствува одговорен за таквата ситуација“- велат од порталот.

За разлика од порано, сега корисниците на A1 мора мануелно да ги внесат мрежните поставувања, поради што А1 на својата интернет страница има ставено упатство од дури осум страници за мануелно конфигурирање на интернетот, MMS заедно со Proxy и личниот Hotspot. Другите функции како LTE и говорната пошта (Voicemail) и Visual VoiceMailисто така не функционираат автоматски и мора да се активираат одделно.

Од друга страна кај операторите кои имаат склучено официјални договори со Apple за продажба на iPhone, не се наведуваат вакви проблеми.

 

Од Apple препорачуваат за да ги избегнете ваквите проблеми најдобро е да проверите каде и од кого ќе го набавите новиот iPhone 6, односно дали е од официјален и овластен дистрибутер на компанијата Apple.

06.10.2014 - 16:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега