Мицкоски: Знам дека граѓаните се уморни, но ЕУ е единствената стратешка цел за иднината

 

„Нема отстапување од реформите, бидејќи тоа е единствениот начин за да го подобриме животот на нашите граѓани и да го зајакнеме македонското досие на патот кон членство во ЕУ. Не само заради технократско исполнување на условите, туку заради суштествено помрднување напред и европска трансформација во вистинска смисла на зборот. Тоа е наша обврска за обезбедување подобра сегашност на сите нас и подобра иднина за следните генерации“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција откако му го врачија извештајот на Европската Комисија кој се однесува на изминатата една година поточно за периодот септември 2023 и септември 2024..

„И сосема на крај знам дека граѓаните се уморни од целиот процес, и дека неоправдано сме во чекалницата, но единствената одржлива и стратешка цел за иднината на сите останува членството во Европската Унија“, додаде премиерот.

30.10.2024 - 17:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега