Од денеска нови цени на бензините во Македонија

Регулаторната Комисија за енергетика треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и бензините. Дали од вторник ќе возиме поскап или поевтин бензин, ќе се знае откако ќе се направат пресметките.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) пред две недели се намалија за еден денар по литар па така сега цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 денари за литар а на ЕУРОДИЗЕЛ  65,50 денари. 

Регулаторната комисија за енергетика согласно праксата ги регулира цените два пати во месецот. Цените кои утре ќе ги соопшти регулаторот важат од вторник на полноќ и претставуваат максимални цени по кои може да се точи гориво во малопродажба во Македонија.

06.10.2014 - 09:25
Фото: 
дневник


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега