Започнува „Крушевска софра“

 

Манифестација „Крушевска софра“ почнува денеска во рамки на програмата на „Крушево град на културата за 2014 година“.

Maнифестацијата, што ќе се одржи во Градскиот парк во Крушево, опфаќа презентација на сите ресторани, хотели, здруженија на граѓани, производители на здрава храна и традиционални јадења кои се составен дел од богатството на туристичката понуда на Крушево.

„Софрата“ ќе биде збогатена со присуство на винарски визби од Македонија кои ќе ги промовираат најубавите македонски вина, но и со настап на музичките ѕвезди Блага Петреска и Ефто Пупиновски.

05.10.2014 - 10:21

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега