Скопјанец остана без своето злато

Во полициската станица во Чаир вчера 49-годишниот Ф.Б. пријавил дека во неговата куќа претходниот ден непознат сторител, извршил тешка кражба при што одзел разновиден златен накит во вредност од околу 600.000 денари. Сторителот насилно со употреба на погоден предмет или алат отворил еден од прозорците, влегол внатре, извршил пребарување по мебелот во спалната соба и го одзел накитот, по што се оддалечил во непознат правец. 

Полицијата трага по сторителот. 

04.10.2014 - 14:23

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега