„Нека владее мирот и спокојот“ - честитка на ВМРО-ДПМНЕ по повод Курбан-Бајрам

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани со исламска вероисповед во земјава им го честита големиот празник Курбан-Бајрам.

 Нека деновите на прославувањето на празникот Курбан Бајрам Ви донесат мир и спокој во кругот на семејството и најблиските. Овие празнични мигови треба да бидат поттик да градиме поцврсти врски на меѓусебната солидарност и разбирање како основен столб во градењето на едно напредно општество.

 Македонија имала вековна традиција на заеднички живот, меѓусебно почитување на верските разлики и толеранција и оваа традиција треба да ја продолжиме, бидејќи тоа им го должиме на нашите предци, но и на идните генерации.

04.10.2014 - 13:29

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега